Собранието е институцијата која ги избира членовите во Државната комисија за спречување корупција, и очигледно тоа треба да спроведува поголем надзор врз овие независни тела, оцени поранешната претседателка на Државната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска откако вчера претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска, беше осомничена во случајот АДИТИВ.
Не знам и не можам да коментирам во која насока се одвива истрагата, меѓутоа, мене ми е многу тешко и за институцијата, за реномето на институцијата којашто, навистина, знаете колку многу труд вложивме за да ја изградиме, за да ја изградиме довербата кај граѓаните, дека еве, има една независна институција во која можат да се обратат, да дадат претставки, да поднесат предмети.