Во секој случај, ќе кажам дека е многу, многу непријатно чувство.
Вистината е како шило, верувам дека ќе излезе на површина, не сакам ништо да прејудицирам, но како и да е, во секој случај Собранието сега е тоа коешто ги избира кандидатите за членови на комисијата, мислам дека треба да го зајакне својот надзор врз работењето на овие независни тела – рече Ивановска во вчерашното гостување на телевизија Телма. Fokus
Нејзиниот став доаѓа откако ОЈО ГОКК за сегашната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, покрена истрага во рамки на предметот „Адитив“, а Основниот кривичен суд Скопје и определи мерки на претпазливост.
Ивановска рече дека ѝ е многу тешко за ДКСК и за нејзиното реноме бидејќи, како што додаде, во институцијата е вложен многу труд за да биде изградена, но и за да се изгради довербата кај граѓаните дека постои независно тело до кое може да се обратат, да достават претставки или да поднесат предмети. Faktor