Во Скопје денеска ќе се одржи „Марш за ангелите“ што го организираат семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Fokus
„Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат, па пуштаат, па свесни ли се дека и онака целосно разнишаната доверба во досегашното институционално работење со фати – пушти, без да имаме јасно образложение за таа законска процедура што се создава во нашите мисли, кои и онака се на работ на самоуништување“, Семејствата на загинатите повикаа граѓаните да им се придружат на протестот во знак на поддршка на најблиските на трагично починатите кои ги загубија животите во пожарот во Кочани на 16 март.
Во саботата во Кочани се одржа протестен марш под слоганот „Задоцнета реакција“. 360stepeni