„Доколку ова оштетување не се санира веднаш, со пролетните дождови тоа ќе продолжи и со сигурност ќе предизвика свлечиште кое ќе направи штета по имотот кој се наоѓа под патот, ќе ја компромитира стабилноста на градбите над патот, и во најлош случај може да предизвика ризик за животот и здравјето на граѓаните и живиот свет“, Вчера, од екипа на Министерството за внатрешни работи (МВР), патот бил отсечен поради небезбедност за движење, а за состојбата бил информиран и Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од Месната заедница додаваат дека половина од населеното место, како и познатиот хотел „Неда“ се отсечени и пристапот со возило не е возможен. 360stepeni