„Изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека „соработката на една албанска партија со ДУИ е политичко самоубиство“ не е ништо друго освен: доказ за нивната опасна амбиција за инженеринг на албанската политичка сцена, со цел создавање на марионетска албанска структура под целосна контрола, и истовремено доказ за нивната омраза и одмазда кон ДУИ и Албанците – мотивирана од длабоки геополитички, антиевропски и шовинистички цели“, Од партијата во пет точки го наведуваат и одговорот на прашањето што реторички го постапуваат: „Зошто оваа омраза кон ДУИ и Албанците?“. Првата причина, според нив, е затоа што ДУИ ја интегририрала државата во НАТО, чекор, што според нив, ги вознемирил руските спонзори и не дозвилил државата да се приклучи во „српскиот свет“. Libertas