Поранешни вработени во Бирото за јавна безбедност (БЈБ) заработија кривични пријави за ,,злоупотреба на службената положба и овластување при што го оштетиле буџетот за 53.900 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи(МВР). Според соопштението, во 2021 и 2022 година, првопријавената В.В., се сомничи дека додека била на функцијата помошник директор во БЈБ не спровела пресуди на надлежен суд, додека второпријавена В.Н., во својство на началник, не ги прочитала со внимание предусидте и не реагирала до првопријавената.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против В.В.- пензиониран работник, а во време на извршување на кривичното дело на работно место „помошник директор“ во Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси во Бирото за јавна безбедност при МВР и В.Н. – пензиониран работник, а во време на извршување на кривичното дело на работно место „началник“ на Секторот за правни работи и заштита на лични податоци во Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси во БЈБ при МВР, за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.