За време на дводневната посета на Србија, европската комесарка за проширување, Марта Кос, ќе се сретне со највисоките државни функционери, но и со претставници на опозицијата, граѓанското општество и академската заедница, а ќе го посети и Нови Сад за да им оддаде почит на жртвите од уривањето на настрешницата на Железничката станица, соопшти денеска Делегацијата на Европската унија во Белград.
Косово, Северна Македонија и БИХ се тажни приказни на Балканот за членството во ЕУ, рече од Прага комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос за „Радио Слободна Европа“.