Премиерот Христијан Мицкоски денес се обрати на Конгрес на ЕПП каде порача дека процесот на пристапување кон ЕУ мора да се темели на заслуги и реформи, со јасни критериуми, ова не е услуга што се дава произволно, туку е праведно признание за напорите и реформите.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на 29 и 30 април, ќе присуствува на дводневниот Конгрес на Eвропската Народна Партија (ЕПП) во Валенсија.
Делегацијата од ВМРО – ДПМНЕ предводена од претседателот на партијата Христијан Мицкоски, која е на дводневниот Конгрес на Европската народна партија (ЕПП), што се одржува во Валенсија, Шпанија, денеска учествувала на панел во организација на ЕПП, посветен на одговарањето на демографската криза, тема која бара итно внимание и заеднички ангажман за обезбедување одржлива иднина за граѓаните на Европа.