Како што информира Перински, најголем дел од апликациите се за подобрување на патната инфраструктура, но има и проекти за заштита на животната средина (уредување корита, тревни и парковски површини), како и за подобрување на образовните институции (изградба и доградба на школи, градинки). И тој и премиерот Христијан Мицкоски кои се во работна посета на Кавадарци, соопштија дека заклучно со денеска сите 80 општини поднеле апликации за проекти од вториот повик.