Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во контекст на денешното глобално одбележување на Светскиот ден на слободата на медиумите, кој годинава е посветен на длабокото влијание на вештачката интелигенција врз новинарството и медиумите, во денешното соопштение потсетува дека само професионални и независни медиуми можат да придонесат за одржлив општествен и демократски развој во ерата на брзи технолошки промени. Fokus
Но со развојот на вештачката интелигенција оваа слобода добива ново значење и се соочува со нови предизвици, велат од АВМУ.
Вештачката интелигенција, како што посочуваат во соопштението, отвора нови можности за унапредување на истражувачкото новинарство, автоматизација на создавањето содржини и забрзана проверка на факти, но носи и значајни ризици во поглед на генерирање дезинформации, лажни вести и манипулативни видеа. Kanal5