Претседателот на Демократската унија за интеграција – Али Ахмети во изјава за медиумите истакна дека неговата партија и „Европскиот фронт“ сè уште не донеле одлука како ќе настапуваат на локалните избори кои треба да се одржуваат во октомври годинава.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговорајќи на новинарско прашање за време на неговата посета на Општина Кавадарци, во однос на тоа како ја оценува состојбата во владината коалиција, напомена дека е одлична, а притоа потврди и дека ќе се случи средба со министерот за здравство Арбен Таравари.
ДУИ и „Европски фронт“ сè уште не донеле одлука како ќе настапуваат на локалните избори што треба да се одржат во октомври годинава, изјави денеска првиот интегративец Али Ахмети, додавајќи дека ќе бидат повикани сите партии од коалицијата, при што ќе се разгледа целата ситуација.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети го има легитимното право да протестира, но опасно е да се заканува дека нема да се врати од улица затоа што екс-министер, потенцијално одговорен за смртта на 62 лица, ќе биде обвинет, реагираше Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на заканите кои ги упати лидерот на ДУИ дека доколку екс-министерот Крешник Бектеши од ДУИ биде обвинет „враќање од улица нема да има“.