Судии, јавни обвинители, но и познати адвокати се наоѓаат на листата на кандидати пријавени за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) кој треба да ја преземе функцијата на почетокот на следната година, објави порталот . На списокот на пријавени кандидати, до кој дојде „360 степени“, меѓу другите, се Наташа Габер-Дамјановска, поранешна директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, која влезе во финалето при претходниот избор на судија за ЕСЧП, како и членот и поранешен претседател на Државната изборна комисија, Александар Даштевски. Fokus