За време на минатонеделната посета на земјава, коизвестувачите имаа средби со претседателот на Собранието, Африм Гаши, со претставници на сите пратенички групи, како и со членови на повеќе собраниски комисии и на делегацијата на Северна Македонија во ПССЕ.
Арслан и О’Рајли, исто така, се сретнаа и со министрите за надворешни работи и внатрешни работи, Тимчо Муцунски и Панче Тошковски, со заменик-министерот за правда Ален Деребан, со судии на Врховниот и Уставниот суд, со претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, со народниот правобранител Насер Зибери, како и со јавни обвинители, членови на државните комисии за заштита на дискриминацијата и за спречување на корупција и на Државната изборна комисија избори, претставници на повеќе невладини организации и дипломати. A1on
Република Северна Македонија претставува демократска држава каде општо земено се почитуваат политичките слободи, меѓу кои и правата за слобода на здружување, собирање и изразување, како и медиумскиот плурализам, стои во оценката на коизвестувачите на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за пост-мониторинг дијалогот со државата, Сибел Арслан и Џозеф О’Рајли.
Во елаборацијата изготвена по посетата на државата посветена на анализа на реформите во судството и изборниот систем, борбата против корупцијата, слободата на медиумите и правата на малцинствата, Арслан и О’Рајли го поздравуваат прогресот остварен во реализација на обврските кои произлегуваат од членството на државата во Советот на Европа. Biznisvesti
Северна Македонија е демократска држава каде што генерално се почитуваат политичките слободи, вклучувајќи ги правата на слобода на здружување, собирање и изразување, како и медиумскиот плурализам, се наведува оценката на коизвестувачите на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за пост-мониторинг дијалогот со земјава, Сибел Арслан и Џозеф О’Рајли. Nezavisen
„Задоволни сме од напредокот постигнат од Северна Македонија од последната Резолуција на ПССЕ за пост-мониторинг дијалогот во 2019 година”, наведоа двајцата коизвестувачи.
Сепак, тие укажуваат дека се уште постои “итна потреба” од реформа на изборниот систем во согласност со препораките на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ и Венецијанската комисија на Советот на Европа. Netpress
Сепак, тие укажуваат дека се уште постои “итна потреба” од реформа на изборниот систем во согласност со препораките на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ и Венецијанската комисија на Советот на Европа.
“Северна Македонија е мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална земја и може да послужи како модел за другите земји во промовирањето на културата и менталитетот на „заедничко живеење“. Biznisvesti
“Северна Македонија е мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална земја и може да послужи како модел за другите земји во промовирањето на културата и менталитетот на „заедничко живеење“.
Ги повикуваме властите да продолжат на овој пат и да преземат понатамошни мерки за почитување на идентитетот, правата и потребите на сите етнички групи”, потенцираат Арслан и О’Рајли. Biznisvesti