Али Ахмети да не се крие зад националистичката реторика бидејќи тоа е безидејна политичка злоупотреба а владата ја отфрла ваквата реторика на закани и ултиматуми од првиот интегративец откако лидерот на ДУИ вчера се закани дека доколку поранешниот функционер Крешник Бектеши биде обвинет ќе излезат на улица и ќе останат таму, а ќе бараат и предвремени парламентарни избори.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговорајќи на новинарско прашање за време на неговата посета на Општина Кавадарци, во однос на тоа како ја оценува состојбата во владината коалиција, напомена дека е одлична, а притоа потврди и дека ќе се случи средба со министерот за здравство Арбен Таравари.
На прашањето дали за локалните избори има некаков договор со лидерот на Алијанса за Албанците и актуелен министер за здравство Арбен Таравари, Ахмети рече дека во текот на неделава ќе бидат повикани сите органи на партијата и ќе бидат разгледани сите прашања ДУИ и „Европски фронт“ сè уште не донеле одлука како ќе настапуваат на локалните избори што треба да се одржат во октомври годинава, изјави денеска првиот интегративец Али Ахмети, додавајќи дека ќе бидат повикани сите партии од коалицијата, при што ќе се разгледа целата ситуација.
Али Ахмети никогаш не излезе на улица за својот народ и не прозборе за идеалите за својот народ, но сега кога се загрозени роднините и другарите од тендерите и милионите одеднаш му текна да излезе на улица, реагира коалицијата ВЛЕН на изјавата на лидерот на ДУИ дека ако ескминистерот за економија Крешник Бектеши биде обвинет за трагедијата во Кочани, тој ќе излезе на улица и нема да се врати додека не испровоцира предвремени пармалентарни избори.