Демократскиот сојуз ги осудува заканите за дестабилизација што ги упати лидерот на ДУИ Али Ахмети и ги повикува надлежните органи да преземат решителна акција за спречување на безбедносно-политичка криза каква што има намера да предизвика неговата партија.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговорајќи на новинарско прашање за време на неговата посета на Општина Кавадарци, во однос на тоа како ја оценува состојбата во владината коалиција, напомена дека е одлична, а притоа потврди и дека ќе се случи средба со министерот за здравство Арбен Таравари.
Претседателот на Демократската унија за интеграција – Али Ахмети во изјава за медиумите истакна дека неговата партија и „Европскиот фронт“ сè уште не донеле одлука како ќе настапуваат на локалните избори кои треба да се одржуваат во октомври годинава.
Ако е мудар, Ахмети ќе извлече поука и наместо да се заканува, ќе направи структурни реформи во партијата Ако е мудар како што се претставува, Ахмети ќе извлече поука и наместо да се заканува, ќе направи структурни реформи, и програмски и кадровски во неговата партија и со нови ликови, нова програма ќе излезе пред македонските граѓани да ја бара довербата, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.