Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека македонскиот јазик не е само минато, тој е мост до иднината.
Како македонски мисионери имаме семакедонска, национална и човечка должност да го чуваме, негуваме, сакаме, развиваме, проучуваме, промовираме и обновуваме македонскиот јазик, оти без нас не ќе живее ниту ние ќе бидеме Македонци без него.
Порака за зачувување и правилна употреба на македонскиот јазик денеска упати порака претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова.
Денеска одбележуваме 80 години од историскиот момент на кодификацијата на македонскиот јазик – темелна вредност на нашиот идентитет, култура и државност.