Министерот за здравство и лидер на крилото на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари за можноста за предвремени избори рече дека како партија не се заинтересирани тие да бидат наесен, но, ќе се подготват ако бидат распишани.
Собранието се уште го очекува официјалното известување од ВРЕДИ дека нивната пратеничка група во иднина ќе дејствува без пратениците на Алијанса за Албанците на Таравари, а нов координатор ќе биде Беким Ќоку.
Вечерва во Владата се одржува средба на премеирот и лидер на владејачката ВРМО-ДПМНЕ и претставниците на коалицијата Вреди (Влен). Засега нема информација за темите за кои ќе се разговара на состанокот, но средбата доаѓа по најновите случувања во коалицијата Вреди, откако претседателот на крилото на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, најави дека на следните локални избори ќе настапува самостојно иако намерите на коалицијата беа да се оди со заеднички кандидати и листи.
„Не, не, не“, вака директно одговара претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, на прашањето дали неговото евентуално излегување од Владата би значело одржување на предвремени парламентарни избори.