Во рамките на Европската Унија гледаме обновен дух фокусиран на процесот на проширувањето, но она што треба да го видиме во пракса е затворање на јазот, што очигледно постои во овој момент помеѓу создадените очекувања и нивната реализација, изјави денеска во Варшава македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Plusinfo
Мислам дека е исклучително важно да напоменам дека јас претставувам земја кандидат која е 100 проценти усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика и сметам дека одлуките што ги носиме се заеднички, како што се заеднички и предизвиците со кои се соочуваме, истакна Муцунски.
Тој изрази задоволство од организтрањето на денешниот состанок во овој формат и изрази надеж дека практиката на ваков вид средби ќе продолжи и во иднина. A1on
Впечатокот беше дека ЕУ не моли да влеземе, а ние и кажуваме – нема шанси, додека не си ги дисциплинирате земјите членки!
И што е уште поинтересно, не зборува во име на Македонија туку во име на цел Западен Балкан. Nezavisen