Дваесет и пет годишниот Е.О, странски државјанин, е убиен синоќа во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад во Штип, потврдија од Клиничка болница-Штип.
За пукањето во Штип, од полицијата соопштија дека вечерва околу 21.30 часот во СВР Штип е пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад е пукано со пиштол при што едно лице е повредено.
Вечерва имаше пукање на градскиот плоштад во Штип.
Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент е лишено, информираше ЈО. Пронајдено е и оружјето.