Арбен Таравари нема да биде дел од Владата, но во извршната власт ќе може да останат членовите на Алијанса за Албанците кои не се согласуваат со него, изјави денеска во Тетово Биљал Касами на новинарско прашање што се договориле како коалиција „Вреди“ со премиерот Христијан Мицкоски.
Нема да има место во Владата за политички партии кои досега биле дел од коалицијата Вреди, но се обидуваат да соработуваат со ДУИ, порача денеска од Тетово, Биљал Касами, одговорајќи на прашања од новинарите за средбата на претставници на коалицијата „ВРЕДИ“ со премиерот Христијан Мицкоски.