Партијата Левица наведува дека фирмата на пријател на градоначалникот на Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски, добила тендери во вредност од 3,6 милиони денари за студентскиот дом „Скопје“, 4,4 милиони денари за домот „Томе Стефановски – Сениќ“ и околу 1 милион за училиштето „Кирил и Методиј“ во Стајковци. Партијата Левица го обвини градоначалникот на Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски, дека наместо да ги решава основните проблеми на граѓаните, насочувал јавни средства кон фирма на свој близок пријател преку тендери вредни над 9 милиони денари.
Во општина каде улиците се распаѓаат, каде секоја поголема дождовна капка претвора цели маала во мочуриште, каде десетици семејства и денес немаат канализација и неретко се оставени без вода, каде децата растат во нечовечки услови – градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски од ДПМНЕ, ги сврте очите на другата страна. Тој не ја гледа мизеријата во општината, затоа што е зафатен со грижа за тоа како јавните пари да ги насочи кон фирмата на својот најблизок пријател, пишува во објавата на Левица – Гази Баба.
Општина Центар и оваа учебна година ангажира лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамки на проектот „Образование за сите”. Право на пријавување на јавниот повик имаат лица со завршено средно образование, а предност ќе имаат кандидати со високо образование од областа на наставата, психологијата, педагогијата, дефектологијата и социјалната работа, како и оние со претходно искуство во работа со деца со попреченост.
Општина Центар и оваа учебна година ангажира лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамки на проектот „Образование за сите“. Право на пријавување на јавниот повик имаат лица со завршено средно образование, а предност ќе имаат кандидати со високо образование од областа на наставата, психологијата, педагогијата, дефектологијата и социјалната работа, како и оние со претходно искуство во работа со деца со попреченост.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ја поздрави судската одлука со која Сулејман Љамалари доби 2-годишна затворска казна за нападот врз неа во општина Чаир. Арсовска порача дека ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка, за напад кој претставуваше и атак врз институцијата градоначалник.
Од: А1он Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, пресудата на Основниот кривичен суд во Скопје со која Сулејман Љамалари е осуден на две години затвор за грубо насилство врз неа ја оцени како „системска победа за жртвите на насилство“. Ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка, за напад кој претставуваше и атак врз институцијата градоначалник.
Јавното обвинителство нема никаква можност за незаконско следење на комуникациите, информираат денеска од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со последните информации од АНБ за следење на политичари и новинари. Оттаму тврдат дека Обвинителството единствено ги проследува законски заснованите барања од АНБ за превентивни разузнавачки мерки до Врховниот суд, кој потоа издава соодветна наредба за реализација на мерките.
Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски соопшти дека вчера од страна на премиерот Христијан Мицкоски и од актуелниот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски беа изнесени сериозни обвинувања за наводна злоупотреба на државни ресурси за прислушкување на поранешниот лидер на опозицијата (сега премиер), бизнисмени и новинари од страна на АНБ и Агенцијата за разузнавање. Со оглед на тоа што во претходен брифинг за медиуми во АНБ бил споменат периодот од 2019 до 2024 година во дел од кој и јас ја извршував должноста директор на АНБ, одговорно тврдам дека тој како лидер на тогашна опозициона партија во периодот од 2019 -2022 година не бил предмет на посебен оперативен интерес на Агенцијата, не бил предмет на организирана оперативна работа, а со тоа ниту таргет кон кого биле применувани било какви оперативно-технички мерки.
ВМРО-ДПМНЕ излезе со свој став по вчерашната порака на лидерот на ДУИ, Али Ахмети при партискиот настан во општина Чаир. Оттаму тврдат дека ДУИ е во очај штом Ахмети се враќа 24 години наназад со тезите.
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека од ДУИ не можат да ја делат Македонија, туку можат да завршат во затвор. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека ДУИ е во очај и дека лидерот Али Ахмети се враќа 24 години наназад со теми од конфликтот во 2001 година за да ја прикрие, како што велат од партијата, сопствената одговорност за корупцијата, сиромаштијата и за масовното иселување на Албанците и на другите граѓани во изминатите две децении.
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, посочи дека европскиот пат на земјите од Западен Балкан е неразделив дел од безбедноста на континентот, а верноста кон Копенхашките критериуми останува најсилната гаранција дека тој пат ќе се движи во вистинската насока. Северна Македонија е целосно посветена на примената на Копенхашките критериуми, кои мора да останат водилка на процесот на проширување на ЕУ, изјави денеска во Копенхаген министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во обраќањето на неформалниот состанок на министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ и на државите кандидати за членство.
Орхан Муртезани / Фото: „Слободен печат“ / Слободан Ѓуриќ ВИДЕО | Муртезани: ЕУ е позаинтересирана за прием на нови членки по војната во Украина Весна Дрвошански Пред 6 секунди Сметам дека до 2030 година сите земји кандидатки од Западен Балкан можат да бидат членки на ЕУ“, рече Муратезани. Mинистерот за европски прашања Орхан Муртезани вели дека Европската унија е позаинтересирана за прием на нови членки особено од почетокот на руската инвазаија врз Украина.
Српскиот претседател Александар Вучиќ за првпат навести што би можел да работи кога ќе ја напушти власта, пренесува „Нова.рс“. „Кога наскоро ќе ја напуштам власта, а кога мојата ќерка ќе се врати од магистерските студии, таа се занимава со статистика – ако отвори своја компанија, ќе работам за неа“, рече Вучиќ пред српските новинари во Кина.
Од: А1он Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше со рускиот претседател Владимир Путин. Средбата ја следеа бројни телевизиски екипи.
Мајка и син од Сараево, Леѓиба и Горан Равлиќ, се осудени на по 45 години затвор поради свирепото убиство на сопругата на Горан – Нермина, јави „Н1“. Обвинителството ги товареше мајката и синот дека од средината на мај до 28 јуни минатата година, во стан во сараевската населба Пофалиќи, психички и физички ја малтретирале Нермина, а на крајот и ја убиле.
Горан Равлиќ, кој минатото лето ја уби својата сопруга Нермина во сараевската населба Пофалиќи, денес беше осуден на 45 години затвор пред Кантоналниот суд во Сараево. Иста казна доби и неговата мајка, Леѓиба Равлиќ, која во обвинението е наведена како соучесник во убиството.
Од: А1он Додека во Пекинг се одржуваше голема воена парада каде што Кина презентираше ново оружје, американскиот претседател Доналд Трамп објави порака на својата социјална мрежа „Вистина“ во која ги „прозва“ кинескиот претседател Си Џинпинг, рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кои беа заедно на парадата. „Големото прашање е дали кинескиот претседател Си ќе ја спомене огромната поддршка и „крв“ што Соединетите Американски Држави ѝ ја дадоа на Кина за да помогнат во обезбедувањето на СЛОБОДАТА од многу непријателски странски напаѓач.
Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS Трамп со порака до Си Џинпинг: „Големи поздрави за Путин и Ким“ Додека во Пекинг се одржуваше голема воена парада каде што Кина презентираше ново оружје, американскиот претседател Доналд Трамп објави порака на својата социјална мрежа преку која ги поздрави и ги обвини за заговор, кинескиот претседател Си Џинпинг, рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кои беа заедно на парадата. „Големото прашање е дали претседателот Си од Кина ќе ја спомене огромната поддршка и „крв“ што Соединетите Американски Држави ѝ ја дадоа на Кина за да помогнат во обезбедувањето на СЛОБОДАТА од многу непријателски странски напаѓач.
EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH ВИДЕО | Вселенската команда на САД се сели од Колорадо во Алабама Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп денеска на прес-конференција официјално објави дека седиштето на Вселенските сили ќе се пресели од Колорадо во Алабама. „Седиштето на Вселенската команда на САД ќе се пресели во прекрасно место наречено Хантсвил, Алабама, кое отсега ќе биде познато како Рокет Сити“, рече Трамп.
Од: А1он Доналд Трамп официјално објави дека седиштето на Вселенските сили ќе се пресели во Алабама. „Штабот на Вселенската команда на САД ќе се пресели во прекрасно место наречено Хантсвил, Алабама, кое отсега ќе биде познато како Ракет Сити“, рече Трамп.
Поскапува дизелот, бензините со иста цена Од полноќ нови цени на горивата. Се зголемува цената на дизелот за половина денар, бензините остануваат со иста цена.
Од: А1он Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,36 % во однос на одлуката од 25.08.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,529%, кај дизелот за 1,366%, кај екстра лесното масло за 1,033% и кај мазутот зголемувањето е за 0,152%.
Грубата пресметка, која ја презентираше Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини вели дека 1,3 милиони евра годишно досега оделе за TÜV потврди кои не требало да се бараат Од денеска ќе се применуваат европски стандарди при узвоз на возила. Грубата пресметка, која ја презентираше Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини вели дека 1,3 милиони евра годишно досега оделе за TÜV потврди кои не требало да се бараат и тоа најголемиот дел од средствата оделе кај странски компании на кои им се плаќало.
Од: А1он Нов Правилник стапува во сила денеска со којшто се воведуваат новини и европски стандарди за одобрување на типот на возилото, единечното одобрување на возило, идентификацијата, оцената на техничката состојба и издавање на потврди за исполнетост на техничките барања за возилата. Клучната промена е тоа што, по 17 години од донесувањето на Законот за возила, тој конечно ќе почне да се применува согласно европските стандарди, информираше Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини кое неодамна одржа работен состанок со над 40 овластени застапници и импортери на возила на кој ги презентираше измените во постапките за одобрување на возила, кои ќе стапуваат во сила од денеска.
МВР информира дека во неделата во 17:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, на велосипедската патека, електричен тротинет управуван од малолетник удрил во Р.Т.(84), двајцата од Скопје.
Старец бил прегазен на велосипедска патека во Скопје, при што во него удрил електричен тротинет. Според пријавата во полиција, на 31 август, во 17:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, на велосипедската патека, електричен тротинет управуван од малолетник удрил во Р.Т.(84), двајцата од Скопје.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 19-годишник со живеалиште во Гевгелија на 31 август бил затекнат од полициски службеници на улицата “Наум Евро” во Скопје, во близина на детска градинка, со 100 најлонски зипер ќесички наркотична дрога – марихуана со вкупна маса од околу 80 грама, наменети за неовластена продажба.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 19-годишник со живеалиште во Гевгелија на 31 август бил затекнат од полициски службеници на улицата “Наум Евро” во Скопје, во близина на детска градинка, со 100 најлонски зипер ќесички наркотична дрога – марихуана со вкупна маса од околу 80 грама, наменети за неовластена продажба.
Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, тврди дека неговата програма предвидува ревитализација на Чаршијата со обновени фасади, калдрма и осветлување, отворање Културен центар и поддршка на занаетчиството и туризмот преку настани, субвенции и преку промоција на локалната гастрономија. Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, денеска го претстави својот проект „Чаир, Културен центар на Скопје“, чијашто цел е Чаир да стане културна престолнина на градот и симбол на мултикултурализмот, традицијата и на современото творештво, соопшти ДУИ.
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, денеска го претстави својот проект „Чаир, Културен центар на Скопје“, чија цел е Чаир да стане културна престолнина на градот и симбол на мултикултурализмот, традицијата и современото творештво, се наведува во соопштението од ДУИ. „Ова не е трошок, туку најголемата инвестиција во иднината на Чаир и на целото Скопје,“ истакна Османи.
Пред извесно време излезе информацијата дека Стојанов веќе не е тренер на Брера, а денеска тоа и официјално е потврдено. „Тренерот Панче Стојанов си поднесе оставка од кормилото на АП Брера Струмица по четири првенствени кола.
фото: Brera Strumica Панче Стојанов веќе не е тренер на АП Брера Струмица Коминовски Фидан Пред 7 минути Тренерот Панче Стојанов си поднесе оставка од кормилото на фудбалскиот клуб АП Брера Струмица по четири првенствени кола. Оставката е лична и не се должи на постигнатите резултати на првиот тим на почетокот на оваа сезона.
Фото: US Open Tennis Championships Ѓоковиќ го доби Фриц и закажа спектакл со Алкараз Новак Ѓоковиќ продолжи со своите игурни настапи по патот кон својата 25. грен-слем титула и јубилејна 100. титула во кариерата, откако во четвртфиналето на САД Опен со 3:1 во сетови го совлада Американецот Тејлор Фриц. Мечот траеше три и пол часа, а српскиот ас уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите на сите времиња.
Од: А1он Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Отвореното првенство на САД, откако по голема борба го победи Американецот Тејлор Фриц со 6:3, 7:5, 3:6, 6:4. Ѓоковиќ го победи Фриц по 11-ти пат по ред и го израмни рекордот на легендарниот Американец Џими Конорс со 14 полуфиналиња во Њујорк. Негов ривал за 11-тото финале ќе биде Шпанецот Карлос Алкараз, кој претходно го победи Чехот Јиржи Лехечка со 3:0.
Шпанскиот тениски ас, Карлос Алкараз, лесно, во три сета го победи чешкиот тенисер Јири Лехечка и се пласираше во полуфиналето каде можен противник му е Новак Ѓоковиќ. Алкараз го продолжи перфектниот од по грен-слем турнирот, без загубен сет стигна до полуфиналето.
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на Отвореното првенство на САД со победа од 3-0 над Чехот Јиржи Лехечка со 6-4, 6-2, 6-4. Алкараз така го продолжи својот поход кон својот прв триумф на Отвореното првенство на САД од 2022 година, кога го победи Каспер Руд во финалето. Вториот светски рекет веќе направи брејк во првиот гем, што веднаш го потврди.
Актерката Зои Кравиц во ново интервју откри дека неколкупати ненамерно „дрогирала“ луѓе со халуциногени, додека нејзиниот колега Остин Батлер сподели сопствена бизарна случка од концерт. Двете холивудски ѕвезди, кои заедно глумат во филмот „Фатен во кражба“ (Caught Stealing), во разговор за списанието „Венити фер“ открија шокантни, но и комични анегдоти од приватниот живот.
Иако поминаа децении од емитувањето, серијата „Пријатели“ сè уште има култен статус и армија обожаватели, а доби нова популарност со нејзиното пристигнување на стриминг услугите. Познатата актерка Зои Кравиц рече дека омилената ситком серија на фановите од минатото е нешто што би сакала да го задржи во минатото, пренесува „Дејли мејл“.