Се преземаат активности по насоки на Јавното обвинителство и колку што сум информиран во моментов се сослушуваат одреден број на сведоци коишто се поврзани со кривично правниот настан, вели министерот за внатрешни Панче Тошковски кој денеска во Штип одговараше на новинарско прашање дали има нови моменти околу истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во којшто животите ги загубија 62 млади луѓе. Nezavisen
Тој истакна дека не би имал што други да додаде, бидејќи истрагата се уште трае.
Во овој момент истрагата се уште трае се собираат докази, се постапува по насока на Јавното обвинителство, штом има нови моменти јавноста од страна на Јавното обвинителство ќе биде запознаена за сите оние чекори коишто ќе следат во иднина, вели Тошковски. Denesen
Министерот за внатрешни работи, Тошковски беше прашан и за истрагите за опожарените возила низ државата, на што тој одговори дека во изминатиот период имало повеќе опожарени возила.
„Во однос на дел истрагата е затворена поднесани се обвиненија, во однос на дел од постапктите коишто се водат во Министерството за внатрешни работи во соработка со Јавно обвинителство се собираат докази, се постапува. Libertas
Така да за секој предмет за којшто има затворено истрага обезбедени се докази, истите се процесуирани и се надевам дека најбрзо што може ќе се постапи од страна на судовите и ќе се донесат осудителни пресуди за сите оние коишто сториле таков тип на злодело, изјави Тошковски.
Министерот за внатрешни работи, Тошковски денеска во Штип присуство на 14. Годишно собрание на ИПА Македонија, кое е од меѓународен карактер. Skopjeinfo