Министерството за животна средина и просторно планирање започнува со изработка на Студијата за валоризација на природните вредности на масивот Јабланица, како прв и суштински чекор во процесот за нејзино прогласување за заштитено подрачје, согласно Законот за заштита на природата.
Иницијативата за прогласување на Јабланица за заштитено подрачје е поднесена од страна на општините Струга и Вевчани, месните заедници и невладиниот сектор, а Владата на Република Северна Македонија на својата 116-та седница, одржана на 22 јануари 2019 година, го задолжи МЖСПП да обезбеди средства за изработка на Студијата во соработка со двете општини. Nezavisen
Во рамките на Програмата за природа за 2025 година, обезбеден е буџет и е склучен договор за јавна набавка за изработката на Студијата.
Овој процес ќе опфати подготовка на конечна верзија на Студијата согласно законската регулатива, создавање база на податоци за биолошката разновидност, геодиверзитет, живеалишта, хидрологија и други природни елементи, теренски истражувања и ГИС обработка на податоците од национално и ЕУ значење, како и организација на две јавни консултативни средби за вклучување на засегнатите страни во финализирањето на документот. Netpress
Министерството за животна средина почна со изработка на Студијата за валоризација на природните вредности на масивот Јабланица, како прв чекор за можно прогласување на ова подрачје за заштитено. Telma