Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Тарвари на состаноци на владата се интересирал за бизнисите на Зоран Заев и на Артан Груби, наместо да се интересира за клучните прашања, одговори на новинарско прашање Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Netpress
Не зборувал ниту некогаш некој го слушнал да зборува за ЕУ интеграциите, дека се блокирани поради наследениот спор со Бугарија, создаден токму од оние во чии прегратки сега оди.
Но, знаеме дека се интересирал за концесионерот на паркинзи на Клинички центар Ѓока, затоа што е исфрлен од игра. A1on
За ова, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција во седиштето на партијата, информира Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Освен што соопшти дека вечерва ќе заседава Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски во името на партијата демантира дека досега било разговарано за каква било размена на министерства или ресори во Владата или за тоа кој би дошол на местото на Таравари и би го преземал Министерството за здравство. 360stepeni