Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, присуствуваше на започнување на градежните работи за реконструкција на водоводниот и канализацискиот систем во населбата Дижонска, општина Чаир, во вредност од 88 милиони денари владин грант. Skopjeinfo
Меџити пред присутните жители истакна дека со реализацијата на овој мега-проект вреден речиси 1,5 милиони евра, ќе се изврши реконструкција на водоводната, канализациската и атмосферската мрежа на улиците 15 и 17, проект што ќе поврзе 16 улици во населбата Дижонска со нов водовод и канализација.
‘Само со овој повик минатата година, Чаир доби близу 3 милиони евра од Владата, додека над 8 милиони евра во проекти беа добиени на почетокот на оваа година, што значи дека за 10 месеци владеење, доделивме над 11 милиони евра грантови за Општина Чаир, од 0 денари доделени од претходната Влада во 2022, 2023 и првата половина од 2024 година, сè до падот на корумпираната Влада со функционери на американската црна листа”, изјави првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити . Меџити истакна дека Владата инвестира во сите општини и ги завршува работите кои требало да бидат завршени многу порано, а како пример го ја зеде општина Чаир за која според него, имало 3 годишна блокада. Biznisvesti
Донацијата вклучува 10 лабораториски столици за вадење крв, што ќе придонесат за олеснување и зголемување на ефикасноста на секојдневните медицински процедури, се наведува во денешното соопштение на локалната самоуправа.
На примопредавањето на донацијата, присутни биле градоначалникот Висар Ганиу, директорката на болницата Пранвера Изаири, директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди, како и пратеничката Мерита Коџаџику. Press24