Пациентите кои се лекуваат во странство се во стабилна состојба, појаснуваат од Министерството за здравство.
Како што додаваат, специјалисти од Клиниката за пластична хирургија повеќепати во неделата редовно одат во Општата болница во Кочани и вршат преглед, преврски и тријажа на повредените пациенти, а воедно и специјалисти по физикална медицина и специјалисти од психијатрија се вклучени во третманот на лицата со изгореници. A1on
Поконкретно, еден од пациентите пристигна во тек на вчерашниот ден од Софија, двајца пациенти се враќаат денес од Белград, а четвртиот пациент треба да пристигне утре од Софија, со што во странските медицински центри ќе останат на лекување уште 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани.
Пациентите кои се лекуваат во странство се во стабилна состојба. Fokus