Според Миновски, постојат сериозни потенцијали и во сектори како што се земјоделството, автомобилската и одбранбената индустрија, ИКТ услуги, финансискиот сектор и логистиката, а инвестициите во железничката инфраструктура, особено поврзани со модернизацијата на Коридорот 10, што се најавени со договорот, потенцира дека се клучни за долгорочната економска одржливост.
Заокружувањето на Коридорите 8 и 10 – и патната и железничката инфраструктура посочува дека би придонело не само за регионалното поврзување, туку и за раст на домашниот бруто-производ преку зголемена потрошувачка и вработување. Press24
Најавата за стратешко партнерство со Обединетото кралство особено ако се потврди и најавениот инвестициски пакет од 5 милијарди фунти, како и соработката во трговијата, инфраструктурата, енергетиката, доброто владеење и борбата против организираниот криминал, ќе биде сериозен импулс за македонската економија, со пристап до поголеми пазари, поттикнување на извозот и привлекување странски инвестиции, нови работни места, оценува во изјава за МИА поранешниот министер за финансии Кирил Миновски. Sitel