Со овој документ, двете влади испраќаат силна порака дека интересите на граѓаните се најважни, а дека политиката е моќен инструмент кога создава вредности, а не поделби.
Договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство претставува втор столб на нашата меѓународна позиционираност по стратешкото партнерство со САД.
Договорот за стартешко партнерство со Обединетото Кралство е историски настан за нас, и ќе овозможи инвестициски циклус од пет милијарди фунти или околку шест милијарди евра во делот на инфраструктурата, железницата, транспортот, здравтсвото, итн., изјави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Тирана на која беше постигната согласност за договорот.
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, и премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер, денеска во Тирана излегоа со заедничка изјава по повод потпишувањето на меѓувладин договор за стратешко партнерство меѓу двете земји.