Вицепремиерот и министер за транспорт во Владата, Александар Николоски во вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител се осврна на постигнатиот договор со Велика Британија. Kurir
Вториот договор кој што е уникатен и кој што ќе е најголем договор, кој што Велика Британија во финансиска смисла го постигнала со било која земја од Европа, е договорот Влада со Влада, помеѓу Велика Британија и Македонија, кој што точно ги утврдува секторите на соработка и јасно вели во членот 1, дека ќе се воспостави партнерство за поддршка, да се испорачаат инфраструктурни проекти, проекти во здравството, проекти во транспортот, технологијата, енергијата и останатите критични сектори.
Понатаму во членот 3 од истиот договор, се вели дека Владата на Обединетото Кралство, преку својот механизам, кој што се вика надворешно финансирање, става на располагање лимит од 5 милијарди фунти за Македонија, што во превод значи некаде околу 6 милијарди евра“, информираше ексклузивно за Тв Сител, вицепремиерот Николоски. Kurir
Затоа што Велика Британија е единствената кралска империја која што преживеа во светот, е нуклеарна суперсила, е земја членка во Советот за безбедност на ОН, земја победничка во Втората светска војна, земја со најголемо културолошко влијание во светот, затоа што англискиот јазик е стандард за секој човек кој што сака нешто плус да направи од себе, а културата, британската култура, англиската култура, е таа што доминира, дали е тоа во Велика Британија, дали е во Комонвелтот, дали е во Австралија, Канада, во САД, тоа е културата која што во моментов ја доминира не само западната цивилизација, туку и целиот свет“, рече Николоски.
Николоски укажа дека во тие услови, „држава од некаде 1,8 милиони жители, без излез на море, каква што е Македонија, која што ние многу ја сакаме и за која што се бориме, да успее, да воопшто дојде на мапата на премиерот на Велика Британија и да двете влади се согласат за Договор за стратешко партнерство, мислам дека многу зборува, затоа што Договорот за стратешко партнерство значи дека нашите односи се на највисоко можно ниво, што ќе значи многу за Македонија и во делот на политика и во делот на економија“. Lider
Договорот Влада со Влада каде ќе се воспостави партнерстово со Велика Британија.
Транспорт и здравство се најважни сегменти на овој договор Влада со Влада. Kurir
Во мометнот имаме два спремни проекти кои се околу 2,2 милијарди евра.
И тоа се првите проекти со кои ќе стартуваме, рече Николоски. Republika