Првиот Вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити го оцени како историски ден за државата денешното потпишување на Договорот меѓу владите на Македонија и Обединетото Кралство во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти.
Ова е историски ден за државата, потпишување на финансиски договор со Велика Британија, со што стратешки се решаваат и се инвестира во повише области како што е железничкиот сообраќај, образование, здравство, стратешки проекти, рече првиот вицепремиер Изет Меџити по потпишувањето на договорот со Британија.