Министерот за извоз, Герет Томас, ја изрази својата возбуда: „Ова партнерство отвора ново поглавје во нашите билатерални односи со Северна Македонија.
Обединетото Кралство има огромно искуство во испорака на висококвалитетна инфраструктура ширум светот и ми е драго што го започнуваме ова ново партнерство што ќе помогне повеќе британски бизниси да извезуваат во Северна Македонија.“ Британскиот амбасадор во Северна Македонија, Метју Лосон, изјави: „Остваривме значаен чекор во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија со потпишувањето на договорот „Влада со влада“. Press24