Министерот Андоновски, присуствуваше на Пленарната седница, а потоа имаше и работна вечера со министрите од европските држави и од државите од регионот.
Исто така, денеска е предвидено министерот Андоновски да оствари и неколку билатерални средби со Министерот за наука, технолошки развој и иновации на Република Србија, г. Бела Балинт, Министерот за информирање и телекомуникации на Република Србија, г. Борис Братина и средби со Директорот на канцеларија за ИТ и е-управа, г. Михаило Јовановиќ и Бобан Михаиловиќ – помошник-директор во Канцеларија за ИТ и е-Влада на Република Србија. Kurir