Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија Каја Калас, по посетата на Скопје, порача дека Македонија припаѓа во европското семејство и оти е неопходно да продолжи напред по патот кон Европската Унија.
Во изјава за медимите дадена денеска од Желино, Мицкоски рече дека како држава ќе продолжиме да се однесуваме проевропски и дека Владата нема дилеми дека треба да гради добри односи со сите соседи, вклучително и со Бугарија, но дека нема да дозволи ултиматуми.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на заедничката прес-конференција со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, потенцира дека нашата определба е јасна, земјата припаѓа на ЕУ, за што досега вложила голем труд и направила многу жртви, но напомена дека таа определба треба да биде возвратена.
Поголема правичност, доследност и лидерство од Европската Унија побара денеска премиерот Христијан Мицкоски заедничката прес-конференција со високата претставничка на ЕУ за надворешните работи и безбедносна политика, Каја Калас.