Владата презема мерки и чекори за намалување на аерозагадувањето, некои ќе можат веднаш да се реализираат, за други е потребно време, клучно е обезбедување на алтернатива за затоплување за домаќинствата, далечинско централно затоплување, изградба на конегереративни гасни централи, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието посветена на животната средина.
Денес во Собранието на Македонија се одржа Надзорна расправа на собраниската комисија за здравство на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“, каде што свое излагање имаше и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
Не треба да ги обвинуваме домаќинствата затоа што тие немаат алтернатива, за жал никој до сега не им обезбедил алтернатива, а кога би имале тогаш третирањето на темата би било поинакво и работиме на тоа да обезбедиме алтернатива за домаќинствата, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска на надзорната расправа во Собранието за аерозагадувањето.
Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната надзорна расправа за аерозагадувањето рече дека оваа тема секоја зима е актуелна, посочувајќи дека не е само воздухот проблем во квалитетот на животот на граѓаните, туку и околината и животната средина.