Avant2Go не е само технолошка новина, туку е и стратешка инвестиција во еколошката, сообраќајната и економската иднина на државата.
Подобрување на квалитетот на воздухот, намалување на бучавоста во градовите и на бројот возила во сообраќајот, поддршка на националните и европските зелени политики, како и економски бенефити за граѓаните, ќе бидат само некои од придобивките на овој проект – рече првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. Fokus
Подобрување на квалитетот на воздухот, намалување на бучавоста во градовите и на бројот возила во сообраќајот, поддршка на националните и европските зелени политики, како и економски бенефити за граѓаните, ќе бидат само некои од придобивките на овој проект, рече првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.
Тој напомена дека користењето на целосно електрични возила значи нулта емисија на штетни гасови, што директно придонесува за намалување на аерозагадувањето, особено во урбаните средини. Press24
Официјална промоција на најновиот концепт за споделување возила – Car Sharing, како дел од заложбите за одржлив урбан транспорт и намалување на загадувањето, ќе се одржи денеска во Скопје. Republika
За промоција на најновиот концепт за споделување возила – Car Sharing, како дел од заложбите за одржлив урбан транспорт и намалување на загадувањето, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се довезе заедно со првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, на прес-конференција пред зградата на владата.
Меџити и Божиновска пристигаа на платото пред Владата со првото електрично возило на Avant2Go Car-Sharing – Македонија, симболично означувајќи го стартот на оваа иновативна услуга за мобилност по потреба. Nezavisen
Car-Sharing воедно го намалува притисокот за купување второ или трето возило во домаќинствата – потенцира Меџити, дополнувајќи дека проектот е во целосна согласност со Зелената агенда за Западен Балкан и придонесува за исполнување на обврските за климатска транзиција што е клучен аспект во евроинтеграцискиот процес.
Министерката Божиновска изрази надеж дека ова е само почетокот на проектот и дека наскоро ќе бидат набавени и други вакви електрични возила, како и дека полначите ќе бидат од обновливи извори на енергија. Fokus
Министерот Меџити истакна дека Avant2Go е првиот целосно електричен систем за споделување возила во Македонија, кој се базира на развиена техничка инфраструктура и носи повеќекратни еколошки, социјални и економски придобивки за целото општество.
„Користењето на електрични возила значи нулта емисија на штетни гасови, што директно го намалува загадувањето на воздухот, особено во урбаните средини. Alfa