Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска потпиша Меморандум за соработка со Македонски Телеком и со четири основни училишта од Скопје со што почнува реализацијата на иницијатива за поефикасно користење на електричната енергија и за унапредување на енергетската свесност во образовниот систем. Plusinfo
Станува збор за прв чекор во воведувањето паметно следење и управување со потрошувачката на електрична енергија во јавните институции, почнувајќи од основните училишта „Мирче Ацев“ (Ѓорче Петров), „Исмаил Ќемали“ (Чаир), „Кирил Пејчиновиќ“ (Кисела Вода) и „Лазо Ангеловски“ (Аеродром). Во овие училишта ќе биде инсталирана донација од Македонски Телеком – напредно решение за паметно мерење и управување со електричната енергија (Smart Energy Metering and Management – SEMM). Решението ќе им овозможи на училиштата да имаат подобар увид и контрола врз енергетските трошоци и ќе поттикне поодговорно користење на ресурсите.
Од училиштата го поздравија партнерството со министерството и ја истакнаа важноста на ваквите проекти за нивното секојдневно функционирање. Nezavisen