Како што истакна првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој денеска заедно со министерката за енергетика Сања Божиновска по повод промоцијата на проектот пристигна со електрично возило пред Владата, Avant2Go не е само технолошка новина, туку е и стратешка инвестиција во еколошката, сообраќајната и економската иднина на државата.
Користењето на целосно електрични возила значи нулта емисија на штетни гасови, што директо придонесува за намалување на аерозагадувањето, особено во урбаните средини. Press24
Avant2Go не е само технолошка новина, туку е и стратешка инвестиција во еколошката, сообраќајната и економската иднина на државата.
Подобрување на квалитетот на воздухот, намалување на бучавоста во градовите и на бројот возила во сообраќајот, поддршка на националните и европските зелени политики, како и економски бенефити за граѓаните, ќе бидат само некои од придобивките на овој проект – рече првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. Fokus
Car-Sharing воедно го намалува притисокот за купување второ или трето возило во домаќинствата, потенцира Меџити, дополнувајќи дека проектот е во целосна согласност со Зелената агенда за Западен Балкан и придонесува за исполнување на обврските за климатска транзиција што е клучен аспект во евроинтеграцискиот процес.
Министерката Божиновска изрази надеж дека ова е само почетокот на проектот и дека наскоро ќе бидат набавени и други вакви електрични возила, како и дека полначите ќе бидат од обновливи извори на енергија. Press24
Новиот модерен систем за целосно електрично споделено возење Avant2Go Car-Sharing е достапен преку мобилна апликација – практично, еколошко и 24/7 достапно.
Настанот, според компанијата, ќе вклучува кратка презентација, демонстрација на возилата и апликацијата, како и можност за тестирање на електричните возила. Nezavisen
Министерката за енергетика Сања Божиновска рече дека Кар шеринг е поекономично од такси, затоа им го препорача на студентите.
Основачот на проектот Матеј Цер рече дека за две до три години во Македонија ќе има околу 1000 електрични автомобили на услуга на граѓаните и низ другите градови. Mk