Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денес потпиша Меморандум за соработка со четири основни училишта од Скопје и со Македонски Телеком, со што започнува реализацијата на иницијатива за поефикасно користење на електричната енергија и за унапредување на енергетската свесност во образовниот систем.
Време зa читање: 2 минути Четири основни училишта од Скопје добиваат напреден систем за паметно следење и управување со потрошувачката на електрична енергија.