Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека Владата на Република Македонија денеска усвои два стратешки и суштински закони за иднината на дигиталното општество: новиот Закон за електронски комуникации и првиот Закон за безбедност на мрежи и информациски системи (сајбер безбедност). Со ова се отвора ново поглавје во дигиталната трансформација на земјата и се поставуваат темелите за модерна, сигурна и транспарентна држава. Vecer