Вкупната каматна стапка за кредитот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде пониска од маргината од 4,5 проценти, смета премиерот Христијан Мицкоски, објаснувајќи дека ние го користиме кредитниот рејтинг на Обединетото Кралство, кој е три пати А, најдоброто што можеме да го добиеме во овој момент како пазар.Ова, како што нагласи Мицкоски, е она што може со сигурност да го каже од досегашниот договор, напоменувајќи дека финансиските услови сè уште не се целосно договорени и дека сè уште нема таков отворен дијалог со никого, а кога ќе се отворат, тогаш може да ги открие деталите.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одржа прес-конференција во Медија центарот на Владата и соопшти дека согласно оперативниот план за 2025 година предвидено е да се вклучат вкупно 16.057 невработени лица, од нив 12.537 во активни мереки за вработување, а 3.520 лица во услуги за вработување.
„Со господинот Алиу се познаваме, така што, мислам дека добро ќе соработуваме во рамки на Владата“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција за промоција на оперативниот план за вработување.
Оперативниот план за вработување за 2025 година е вреден 40 милиони евра и опфаќа над 16 илјади невработени, од кои се очекува 65 проценти да се млади до 29 години, информираше на денешната прес-конференција претседателот на Владата Христијан Мицкоски.