„Не треба да ги обвинуваме домаќинствата затоа што тие немаат алтернатива, за жал никој до сега не им обезбедил алтернатива, а кога би имале тогаш третирањето на темата би било поинакво и работиме на тоа да обезбедиме алтернатива за домаќинствата.“, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска на надзорната расправа во Собранието за аерозагадувањето.
Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната надзорна расправа за аерозагадувањето рече дека оваа тема секоја зима е актуелна, посочувајќи дека не е само воздухот проблем во квалитетот на животот на граѓаните, туку и околината и животната средина.
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната надзорна расправа за аерозагадувањето во Собранието, потенцираше дека годинава има план и државата е поподготвена да се справи со пожарите доколку ги има.
Влада на Република Северна Македонија Денес во Собранието на Република Македонија се одржа Надзорна расправа на собраниската комисија за здравство на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“, каде што свое излагање имаше и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.