Од општата болница „Папаниколау“ во Солун, вчера беше отпуштена и последната пациентка, која заедно со уште две лица беа хоспитализирани на 16 март, само неколку часа по трагичниот пожар во Кочани, додека пак во Грција, на лекување остануваат уште двајца повредени, згрижени во атинската воена болница, јави дописничката на МИА од Атина. Plusinfo
За персоналот во болницата, најголема награда беа насмевките на пациентите и нивните семејства, соопштија од „Папаниколау“.Дополнително управата на болницата, преку соопштението изрази срдечна благодарност до медицинскиот персонал за нивната посветеност и хуман пристап, како и „до надлежните органи на соседната земја за беспрекорната соработка и доверба што ја покажаа во грчкиот јавен здравствен систем“.– На тројцата млади и на нивните семејства од срце им посакуваме здравје, сила и оптимизам за иднината, пишува на крајот од соопштението.
Во попладневните часови на 16 март, со амбулантни возила, тројцата млади лица со сериозни изгореници здобиени во пожарот во дискотеката во Кочани беа итно пренесени во болницата „Папаниколау“ во Солун, а беа и првите хоспитализирани во Грција. Puls24
Потоа следеа уште двајца во Солун во воена болница, а неколку дена подоцна, со два медицински лета на грчкото воено воздухопловство во Атина беа префрлени уште седум пациенти.
Од вкупно 12 лица хоспитализирани во Грција, според информациите на МИА, на лекување остануваат уште две лица, момче и девојка, кои се во Атина и не се во животно загрозувачка состојба, а се очекува и тие набргу да се вратат дома. Kurir
Во попладневните часови на 16 март, со амбулантни возила, тројцата млади лица со сериозни изгореници здобиени во пожарот во дискотеката во Кочани беа итно пренесени во болницата „Папаниколау“ во Солун, а беа и првите хоспитализирани во Грција.
Потоа следеа уште двајца во Солун во воена болница, а неколку дена подоцна, со два медицински лета на грчкото воено воздухопловство во Атина беа префрлени уште седум пациенти. Denesen
Од вкупно 12 лица хоспитализирани во Грција, според информациите на МИА, на лекување остануваат уште две лица, момче и девојка, кои се во Атина и не се во животно загрозувачка состојба, а се очекува и тие набргу да се вратат дома.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани која работела со фалсификувана дозвола загинаа 62 лица од кои шест деца, а 193 беа повредени од кои 25 малолетници. Republika