Сега е таа е долга 235 километри, ќе ја скратиме на под 200 километри, возовите ќе се движат до 160 километри на час.
Ќе имаме карго пруга за товар, значи ќе се носат од пристаништето во Солун, од Кавала, од Атина и на оваа пруга ќе се заработуваат меѓу 100 и 120 милиони евра годишно. Plusinfo
Во вчерашната емисија „24 Отворено“ на ТВ 24, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, кој дебатираше за стратешкиот договор со Велика Британија и за тоа кои се бенефитите од договорот за Република Македонија, како и дека истиот е транспарентен и јавен, притоа истакна дека оваа Влада изминатите 11 месеци се занимава со крупни и големи прашања кои се од корист на сите граѓани. Republika
И трето, ќе си има јавни набавки и оној кој што е најдобар во Македонија ќе работи и оној којшто е најдобар во Британија ќе работи – вели Пренџов.
Во дебатната емисија пратеникот ги наведе сите позитивни страни кои произлегуваат од стратешкиот договор, како и дека станува збор за крупни проекти кои ја придвижуваат економијата во државата во нагорна линија, како изградбата на брзата пруга и целиот тој бенефит од истата. Republika