Високиот руски функционер, Константин Кошачов, порача дека заканите од американскиот претседател, Доналд Трамп, за 100-процентни царини воопшто не влијаат врз ставот на Москва.„Тоа не нѐ допира ни најмалку“, изјави потпретседателот на горниот дом на рускиот парламент.„Ако тоа беше сè што Трамп денес имаше да каже за Украина, тогаш целиот притисок испари“, додаде Кошачов.
Рускиот претседател Владимир Путин зборува убави работи, а потоа навечер бомбардира сè, рече Трамп, пренесуваат британските медиуми.
Рускиот претседател Владимир Путин јасно стави до знаење во својот последен телефонски разговор со неговиот американски колега Доналд Трамп на 3 јули дека руската војска ќе започне голема офанзива во следните 60 дена за целосно заземање на делумно окупираните области на југоисточна Украина, изјави извор запознаен со ова прашање за „Аксиос“.
Украина ќе добие огромна количина воена опрема како дел од договорот со Соединетите Американски Држави, изјави денес генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.