Во рамките на посетата која е поддржана од УНДП како стратешки партнер, делегацијата оствари низа значајни средби со клучни институции кои имаат водечка улога во стратешкото планирање и развојот на Естонија, со фокус на мониторинг системот на стратешки документи.
Делегацијата оствари разговори со претставници на Центарот за стратешко предвидување, водечки тинк-тенк кој ги проучува долгорочните трендови и им помага на институциите во донесување на стратешки одлуки. Opserver
Посебен акцент беше ставен на стратешко планирање, регионален развој и дигитализација – клучни приоритети за нас како Влада и како држава, а Естонија е еден од водечките европски примери во тие области.
Посебен фокус за нас како ресор е дигитализацијата на општинските услуги и зајакнувањето на капацитетите на општините. Tocka