„Македонија веќе ги реализира клучните приоритети: Редизајниран Национален портал за е-услуги со повеќе од 250 онлајн услуги достапни за сите граѓани; План за примарен дата-центар и хибридна консолидација на ИТ-ресурсите за посигурно и поефикасно управување; Нов Закон за сајбер безбедност и Национална стратегија за сајбер безбедност, усогласени со европската NIS2 директива; четири закони за дигитализација во рамки на Реформската агенда; Партнерство со приватниот сектор за креирање инклузивен и сигурен дигитален екосистем; "За мајката во Скопје што не мора да чека во ред за да добие извод од матична книга на родени, до претприемачот во Кавадарци кој добива потврда за енергетска дејност без да плати мито."“ Дигитализацијата мора да ја мери својата успешност според тоа колку навистина служи на сите – не само на најповрзаните, туку на секој граѓанин кој заслужува достапност и доверба во системите, напиша во својата Фејсбук објава министерот Андоновски.
Е-Гов конференцијата 2025, која се одржува на 28 и 29 мај во Талин, Естонија, е една од водечките светски собири за дигитална трансформација. Skopjeinfo
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска учествуваше на министерскиот панел „Shaping Prosperity – Political Leadership and Strategic Choices for Digital Economic Growth“, кој се одржува во рамки на е-гов конференцијата во Талин, Естонија. Mk