Во рамките на посетата која е поддржана од УНДП како стратешки партнер, делегацијата оствари низа значајни средби со клучни институции кои имаат водечка улога во стратешкото планирање и развојот на Естонија, со фокус на мониторинг системот на стратешки документи.
Министерство за локална самоуправа Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски и претставници на УНДП, се во официјална посета на Естонија со цел размена на искуства и добри практики поврзани со мониторинг и имплементацијата на Националната развојна стратегија 2024 – 2044, која претставува клучен стратешки документ за нашата држава.