Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта имаше средба со претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбанr.
Вкупната каматна стапка за заемот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде пониска од маргината 4,5 проценти, смета премиерот Христијан Мицкоски, појаснувајќи дека ние го користиме кредитниот рејтинг на Обединетот Кралство што е трипати А, најдоброто што во овој момент може да го добиеме како земја на пазарот.
Премиерот Христијан Мицкоски, во Будимпешта оствари средба со претседателот на владата на Унгарија, Виктор Орбан, со кого разговараше за одличната билатерална соработка меѓу Македонија и Унгарија, како и на можностите за нејзино натамошно продлабочување.
Утре 30.05.2025 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република Унгарија.