Партијата Левица остро реагира на, како што тврди, организиран обид од страна на владејачката партија ДПМНЕ за создавање партиски синдикати во јавните претпријатија и акционерски друштва.
Левица апелира за обид на ВМРО-ДПМНЕ да создаде „синдикат по мерка на власта“, организација која не е плод на вистинска работничка борба туку проект со политичка агенда, чија единствена цел, како што велат, е да го искриви синдикалното движење во служба на моќта и да го амортизира револтот од „неспособното владеење“ на Владата.-Соочена со растечката критика заради неисполнетите ветувања, игнорирањето на барањата за повисока минимална плата и, генерално, негрижата кон работничката класа, со цел да ги релативизира во целост разумните барања, на претставничките синдикати – ДПМНЕ, преку својот одамна познат модел на владеење, уцена, притисок, контролирани структури, активира операција за создавање синдикална параструктура.