Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања го опиша стратешкиот договор со Обединетото Кралство како историски момент како за државата, но и за регионот, затоа што силно присуство на еден од водечките политички чинители во светот тука во регионот значи многу и за граѓаните, и за државата, но и за иднината на регионот, при што објаснувајќи го подели во два дела, политички и економски, иако се обединуваат.
Вкупната каматна стапка за кредитот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде пониска од маргината од 4,5 проценти, смета премиерот Христијан Мицкоски, објаснувајќи дека ние го користиме кредитниот рејтинг на Обединетото Кралство, кој е три пати А, најдоброто што можеме да го добиеме во овој момент како пазар.Ова, како што нагласи Мицкоски, е она што може со сигурност да го каже од досегашниот договор, напоменувајќи дека финансиските услови сè уште не се целосно договорени и дека сè уште нема таков отворен дијалог со никого, а кога ќе се отворат, тогаш може да ги открие деталите.